16 апр. 2014 г.
Известување за достава на трансакциски сметки
Известување за достава на трансакциски сметки
АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 14.05.2014 година ќе врши исплата на дивиденда за 2013 година.
Право на исплата на дивиденда за 2013 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 25.04.2014 година.
Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2013 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 09.05.2014 година, на телефонскиот број 3104-252 - Реферат акционерство и имотни прашања.
АЛКАЛОИД АД Скопје