20 апр. 2012 г.

Известување за трансакциски сметки

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 16.05.2012 година ќе врши исплата на дивидендата за 2011 година.

Право на исплата на дивиденда за 2011 година имаат сите акционери на Алкалоид АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 03.05.2012 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2011 година, кои не доставиле фотокопии од своите трансакциски и жиро сметки и документ за идентификација, да ги достават истите до компанијата најдоцна до 11.05.2012 година, на адреса:

АЛКАЛОИД АД Скопје
Бул. Александар Македонски Бр.12
1000 Скопје
Република Македонија
За Реферат за Акционерство и имотни прашања
АЛКАЛОИД АД Скопје