31 мај 2012 г.
Кристално Ѕвоно од македонската берза за хартии од вредност
Кристално Ѕвоно од македонската берза за хартии од вредност
На 4-ти мај 2012 година Македонската берза за хартии од вредност АД - Скопје, на Алкалоид му ја додели наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентно котирано акционерско друштво во 2011 година.
Транспарентноста во операциите на котираните компании, навременото објавување на ценовно-чувствителните информации преку електронскиот систем за известување на Берзата играат огромна улога во формирањето на општиот имиџ на пазарот на капитал, интересот на медиумите за работата на котираните друштва, а со тоа и зголемување на интересот на инвеститорите.