30 септ. 2016 г.
Нов EC Certificate за Алкалоид АД Скопје
Нов EC Certificate за Алкалоид АД Скопје
Профитниот центар Фармација во Алкалоид АД Скопје за прв пат се стекна со сертификатот ЕC за сообразност со Европската директива за медицински средства 93/42/EEC (согласно со Анекс II) за производите ПРОКУЛИН СОЛЗИ (PROCULIN® TEARS) и ПРОКУЛИН СОЛЗИ АДВАНС (PROCULIN® TEARS ADVANCE) од линијата за комплетна нега на очите.
Ова е чекор напред кон создавањето цврсти основи за освојување нови европски пазари.
Сертификатот го издаде реномираното нотификациско тело Сертиквалити (Certiquality S.r.l.) од Италија.
Добиениот сертификат ЕC е уште една потврда за посветеноста на Алкалоид АД Скопје кон перманентниот развој, следењето на меѓународните трендови и за исполнувањето на строгите регулаторни барања, кои се клучни за добивање квалитетни, безбедни и ефикасни медицински средства.