19 мај 2022 г.

Одбележан светскиот ден на Алцхајмеровата болест


Епидемија на XXI век или тивок крадец на спомените. Овие синоними на заболувањето Алцхајмер, сами по себе ја доловуваат сериозноста на оваа појава, од која директно се засегнати над 46 милиони луѓе ширум светот. Алармантноста на статистиката, дополнително е верификувана со истражувачките прогнози кои предвидуваат повеќе од 135 милиони болни од Алцхајмерова болест до 2050 година.


Годинава, „Алкалоид“ заедно со Македонското Невролошко и Македонското психијатриско здружение, во прилог на 21 Септември - Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, подготви информативни и едукативни материјали, со цел кревање на свеста за ова заболување, но и укажување на важноста од рано дијагностицирање и навремено тре- тирање со соодветна терапија, што најчесто резултира со подобрување на квалитетот на животот на засегнатите пациенти.

Меѓудругото, препораките одат во насока на намалување на најчестите ризик-фактори за деменција, што ќе помогне да се превенира болеста или да се пролонгира почетокот на заболувањето:

■ Регулирање на нивоата на гликоза и холестерол;

■ Физичка активност и вежбање;

■ Одржување на нормални вредности на крвниот притисок и телесната тежина;

■ Откажување од пушење цигари и регулиран внес на алкохол;

■ Одржување на мозочната активност преку интелектуално-стимулативни активности;

■ Спиење околу 8 часа секоја вечер.


Препознавањето на почетните симптоми, исто така е од клучно значење за превенција на Алцхајмеровата болест.


АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ - тивок крадец на спомените


Најголемите задоволства во животот најчесто се и оние наједноставните: да се смееме со некој стар пријател присетувајќи се на спомените од детството, да пазариме за подготовка на семејната вечера, да го планираме следниот заеднички одмор со шолја кафе и секојдневно да разговараме со роднините коишто живеат подалеку од нас. Токму овие се оние работи коишто Алцхајмеровата болест ги краде и никогаш не ги враќа назад.


Помислете на можност за почеток на Алцхајмеровата болест при постоење на симптоми како што се:


  • Губиток на помнењето и
  • Нарушување во најмалку една друга област на когнитивните функции:

- Говор

- Внимание

  • апстрактно мислење
  • решавање на проблеми
  • ориентација во простор и луѓе
  • расудување
  • планирање и организација на активности



Навремената дијагноза поставена што е можно порано е oд исклучително значење.

Раната дијагноза и навременото започнување на третманот со препраќање во дневна клиника за деменции (Центар за деменции) се исклучително значајни бидејќи:


Борбата против Алцхајмерова болест секаде во светото и во РСМ се одвива преку:

  • промовирање глобално општество коешто ќе биде "dementia friendly"
  • давање приоритет на Алцхајмерова болест како национален јавен и здравствен проблем и
  • приоритет во социјалната грижа и давање на квалитетни услугите за пациентите и за нивните згрижувачи
  • подобрување на јавното и на професионалното разбирање на Алцхајмерова болест


Намалете ги ризик-фактовите за деменција и помогнете си да ја спречите болеста или да го одложите почетокот...


  • Одржувајте ги под контрола нивоата на гликоза и на холестерол
  • Бидете физички активни и вежбајте
  • Одржувајте го во нормала крвниот притисок и имајте соодветна телесна тежина
  • Откажете го пушењето цигари и регуларијате го консумирањето алкохол
  • Одржувајте ја мозочната активност преку интелектуално стимулуативни активности: играње шах , читање книги , свирење на инстумент или решавање крстозбори
  • Спијте околу 8 часа секоја вечер


Тест за цртање часовник:

Нацртајте часовник со бројчаник со стрелките на часовникот да покажуваат време 11:10 (десет минути после 11 часот).


Прилагодено според Addenbrooke's cognitive examination - ACE-R, Final Revised Version A (2005)


Референции:

1. Alzheimer's Disease International. World Alzheimer Report, 2015. https://www.alz.co.uk/research/WorldAlzheimerReport2015-sheet.pdf

2. Alzheimer's Association. Younger/Early Onset Alzheimer's. https://www.alz.org/alzheimers dementia/what-is-alzheimers/young er early-onset

3. Gaugler. E. et al. „Characteristics of patients misdiagnosed with Alzheimer's disease and their medication use: an analysis of the NACC-UDS database". BMC Geriatrics, 2013, 13,137. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/article /PMC3878261/

4. Alzheimer's Society. Dementia Update UK. https://www.alzheimers.org.uk/sites/default/files/migrate/downloads/dementia_uk_update.pdf