22 јун. 2012 г.
Плакета од комисијата за хартии од вредност на Република Македонија
Плакета од комисијата за хартии од вредност на Република Македонија
На 19-ти јуни 2012 година Комисијата за хартии од вредност (КХВ) за време на гала-прославата по повод 20 години од своето постоење, на Алкалоид АД Скопје му додели плакета за најтранспарентно друштво во известувањето кон КХВ.
Транспарентноста во операциите на компаниите, навременото објавување на ценовно-чувствителните информации преку електронскиот систем за известување на КХВ играат огромна улога во формирањето на општиот имиџ на пазарот на капитал, интересот на јавноста за работата на друштвата, а со тоа и зголемување на интересот на инвеститорите.