29 јул. 2014 г.
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - јуни 2014
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - јуни 2014
Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Јуни 2014 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 2.973 милиони денари бележат зголемување за 2% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 500 милиони денари што претставува зголемување од околу 3%. Нето добивката изнесува 304 милиони денари што претставува зголемување од 4%.
Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 3.722 милиони денари бележат зголемување од 9% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 510 милиони денари што претставува зголемување од околу 3%. Нето добивката изнесува 287 милиони денари што претставува зголемување од 4%.