27 апр. 2012 г.
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - март 2012
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - март 2012
Aлкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Март 2012 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.
Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат пораст за околу 2% во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 6% и нето добивката од околу 6%.
Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби се на исто ниво во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 6% и нето добивката од околу 5%.