29 апр. 2015 г.

Позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2015

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Март 2015 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.


Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 1.511 милиони денари бележат зголемување за 5% во споредба со остварените во истиот период во 2014 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 282 милиони денари што претставува зголемување од околу 6%. Нето добивката изнесува 173 милиони денари што претставува зголемување од 3%.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 2.085 милиони денари бележат зголемување од 11% во споредба со остварените во истиот период во 2014 година, при што е забележан раст на консолидираниот извоз од 24%. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 324 милиони денари што претставува зголемување од околу 7%. Нето добивката изнесува 199 милиони денари што претставува зголемување од 4%.