30 окт. 2012 г.
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - септември 2012
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - септември 2012
Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Септември 2012 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.
Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат намалување од 1% во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 2%, а нето добивката намалување од 1%.
Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат намалување за 2% во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 2%, а нето добивката намалување од 1%.