28 јул. 2011 г.
Сертификат ISO 13485:2003 за програмата Хемија во ПЦ ХКБ
Сертификат ISO 13485:2003 за програмата Хемија во ПЦ ХКБ
Програмата Хемија - Медицински помагала, од Профитниот центар Хемија Козметика Билка на Алкалоид АД Скопје се стекна со Сертификат за системот на управување за воведување и исполнување на барањата на стандардот ISO 13485:2003.
Овој Сертификат опфаќа дизајн, развој, производство и дистрибуција на медицински помагала: рентген филмови и концентрирани раствори за хемодијализа, како и производство по договор, пакување, етикетирање и дистрибуција на кертриџи за хемодијализа и раствор за развивање на рентген филмовите и фиксери.
Сертификатот е издаден во јули 2011, а проверката ја изврши реномираното сертификационо тело DEKRA Certification B.V. од Холандија, едно од најголемите светски сертификациони тела . Квалитетот, знаењето и услугите на DEKRA Certification B.V се репер за квалитет во производството на медицински помагала.
Со ова Алкалоид АД Скопје продолжува со создавањето цврсти основи за освојување на нови европски пазари со ова производно портфолио.