19 мај 2022 г.
Светски ден на женското срцево здравје
СПЛОТЕНИ ВО ЗАЕДНИЧКА МИСИЈА, АЛКАЛОИДОВКИ ЈА КРЕВААТ СВЕСТА ЗА КАРДИВАСКУЛАРНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ЖЕНИТЕ:
80% ОД СРЦЕВИТЕ ПРОБЛЕМИ МОЖАТ ДА СЕ СПРЕЧАТ!
Со здружени сили, неколку десетици дами од професионалните медицински редови на „Алкалоид АД“ Скопје, заедно со националните здруженија на кардиолози и фармацевти, годинава го одбележаа Светскиот ден на женското срцево здравје, упатувајќи моќна порака дека речиси 80% од срцевите проблеми се решливи, доколку се реагира навреме. Со црвени детали во гардеробата и цврста решителност да ја подигнат свеста за кардиоваскуларните болести, тие одржаа вебинар и низ симболична графика ги претставија најчестите аларми на женското срцево здравје.
Кардиолозите апелираат за брза реакција доколку се забележат наведените симптоми, при што најсоодветен одговор на состојбата би бил повик кон Итната медицинска пом-
ош и смиреност додека се очекува екипата, со успорено, но длабоко дишење. Никако не се препорачува лицето кое кај себе препознава симптоми на можен срцев удар да вози самостојно до болница. Симптомите кај мажите се слични, но сепак се разликуваат. Најчест симптом на срцев удар и кај мажите и кај жените, е изразената градна болка. Како и да е, превентивните прегледи и кардиоваскуларни скрининзи играат главна улога во успешна превенција на срцевите заболувања кај жените. Исто така, многу е важна комуникацијата помеѓу пациентките, матичните семејните лекари и кардиолози- те. Заедничкиот заклучок е дека колку по-
веќе жената знае за срцевите заболувања, толку полесно може да ги победи истите.
Која возраст е идеална за првиот кардиолошки преглед?
На оваа тема, кардиолозите советуваат првично секоја индивидуа да ги осознае низ разговор со своето потесно семејство здравствените ризици кои се провлекувале низ семејните генерации. Кај болестите кои имаат фамилијарна предизпозиција, високо котираат кардио-васкуларните заболувања.
Затоа, секој кој има семејна историја во која повеќе членови страдале од било кој облик на инфаркт, периферна васкуларна болест со оштеување на екстремитетите заради запушување на артериите и сл., треба да почне со превентивни прегледи уште во пубертетот.
Тоа значи, проверка на евентуално нарушување на статусот на мастите уште во многу рана возраст, со цел да се елиминираат сите други ризик фактори што е можно поефикасно. Со ран преглед, објаснуваат стручњаците, ќе се добие една претстава каде се позиционира младиот пациент во перспектива за следните 10–20 години. Ефикасноста на тие мерки е максимална кога се преземаат на време, затоа што ако ги преземете покасно, тоа веќе и не се вика превенција.
Кај пациентите со умерен или нормален ризик, првичните прегледи би требало да се направат во втората или третата декада од животот.
Кој е поподложен на кардиоваскуларни заболувања: Мажите или жените?
Од полов аспект, полека се разбива стереотипот дека кардио-васкуларните се машки болести. Во пракса, заштитниот естроген се губи со менопаузата. Тогаш жените го добиваат со камата она што го добиле претходно како заштита. По сите статистики, жените сега се поекспонирани во делот на смртност од кардио-васкуларни болести.
Најчести симптоми на можен срцев удар кај жените се:
- Градна болка; но не секогаш;
- Болка или притисок во горниот дел од стомакот или под градната коска;
- Болка во долната вилица, вратот или во грбот;
- Гадење или повраќање;
- Чувство на недостиг на воздух;
- Индигестија;
- Изразен замор.