10 јан. 2023 г.

Ви благодариме за нашето денес!


Успехот во работењето на „Алкалоид“ се должи, пред сè, на квалитетот на кадарот кој работи во компанијата, на квалитетот на производите, на брендот „Алкалоид“, како и на поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерации алкалоидовци години наназад. 


Големите нешта никогаш не доаѓаат лесно и одеднаш – тие се плод на напорната работа и на вложениот труд на многу генерации алкалоидовци, кои безрезервно ја изразиле својата силна намера и цврста волја да придонесат во работењето и во развојот на компанијата. Некои тоа го правеле со години, со децении, и своите пензионерски денови ги дочекале во нашите производствени погони или во административните единици, а на своите потомци денес им раскажуваат за својот придонес во градењето на компанијата која важи за една од најдобрите фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа. 


Токму нив „Алкалоид“ сака да ги потсети дека не заборавил на нивниот влог во секој еден проект, во секој еден производ и во секој еден наш капацитет. 


Со цел да ја обновиме Базата на пензионирани алкалоидови вработени, би сакале да упатиме апел до сите поранешни алкалоидовци да се пријават до 31.01.2023 година на телефонскиот број 02 3104 129 или на електронската адреса marketingkomunikacii@alkaloid.com.mk