23 мај 2019 г.
Започна исплата на дивиденда
Започна исплата на дивиденда
Алкалоид АД Скопје на 22.05.2019 година започна со исплата на дивиденда на акционерите во компанијата за 2018 година.
Согласно одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите на Алкалоид им се исплатува дивиденда за 2018 година во висина од 272,00 денари нето, односно 320,00 денари бруто, за една акција.
Дивидендата која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2018 година е за 12% поголема од дивидендата која им беше исплатена за 2017 година на нето основа.