17 мај 2017 г.
Започна исплата на дивиденда 2017
Започна исплата на дивиденда 2017
Алкалоид АД Скопје на 17.05.2017 година започна со исплата на дивиденда на акционерите во компанијата за 2016 година.
Согласно одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите на Алкалоид им се исплатува дивиденда за 2016 година во висина од 225,00 денари нето, односно 250,00 денари бруто, за една акција.
Дивидендата која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2016 година е за 8,7% поголема од дивидендата која им беше исплатена за 2015 година.