16 мај 2013 г.
Започна исплата на дивиденда
Започна исплата на дивиденда
Алкалоид АД Скопје на 15.05.2013 година започна со исплата на дивиденда на акционерите во компанијата за 2012 година.
Согласно одлуката донесена на Собранието на акционери, акционерите на Алкалоид добиваат бруто дивиденда за 2012 година во износ 183,33 денари за акција.
Дивидендата која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2012 година е за 3,13% поголема од дивидендата која им беше исплатена за 2011 година.