20 мај 2020 г.
Започна исплатата на дивидендата
Започна исплатата на дивидендата
АЛКАЛОИД АД Скопје, на 20.5.2020 година, започна со исплата на дивидендата за акционерите во компанијата за 2019 година. Во согласност со одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите во АЛКАЛОИД им се исплатува дивиденда за 2019 година во висина од 324,00 денари нето, односно 360,00 денари бруто за една акција.
Дивидендата, која акционерите на АЛКАЛОИД ја добиваат за 2019 година, е за 19% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2018 година на нето-основа.