Alkaloid AD Skopje logo

Започна исплатата на дивидендата

АЛКАЛОИД АД Скопје, на 19.5.2021 година, започна со исплата на дивидендата за акционерите во компанијата за 2020 година. Во согласност со одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите во АЛКАЛОИД им се исплатува дивиденда за 2020 година во висина од 360,00 денари нето, односно 400,00 денари бруто за една акција.
 
Дивидендата, која акционерите на АЛКАЛОИД ја добиваат за 2020 година, е за 11% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2019 година на нето-основа.