26 јул. 2019 г.
Соработка на Алкалоид АД со фондот за иновации и технолошки развој, за финансиска поддршка по основ на мерката „кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста“
Соработка на Алкалоид АД со фондот за иновации и технолошки развој, за финансиска поддршка по основ на мерката „кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста“
Алкалоид АД аплицираше на Јавниот повик објавен од Фондот за иновации и технолошки развој, за добивање грант, по основ на мерката „Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста“.
Од страна на Фондот, одобрен е нашиот Проект АЛКА 0П, со вкупен буџет на проектот е 24.228.300,00 денари, од кои Фондот ко-финансира 14.536.980,00 денари. Проектот ќе се реализира во периодот од 15.03.2019 до 15.03.2020.
Цел на проектот е развој на формулација и воедно нов лек кој го нема на македонскиот пазар. Со овој проект треба да се обезбеди евалуација на кандидат формулација (преку клинички студии на доброволци), за да се продолжи со понатамошен развој и добивање на Решение за регистрација.
Главни активности во рамки на проектот се:
Изведување на клиничко тестирање (in vivo) за утврдување на биоеквивалентност со оригинаторската формулација и
Набавка на опрема за in vitro проценка на формулацијата (технолошка платформа).
По имплементацијата на овој проект, кој е подржан од Владата и Фондот за Иновации, би требало да имаме дефинирање прототип врз основа на кој ќе се планираат натамошните чекори за развој на финален производ што ќе може да се лансира на пазарот во Р. Северна Македонија и Европа, согласно практиките на АЛКАЛОИД АД и постојната законска регулатива.