30 авг. 2022 г.
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Даниел Величковски
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Даниел Величковски
„Секој работен ден започнува со краток договор со тимот. Ги споделуваме мислењата и идеите, како за самиот ден така и за темпото на работа во наредниот период. Организациски се распределуваме со строго дефинирани задачи, со висок степен на контрола, но и со флексибилност и со координација со секој член од тимот, за да се постигне бараната ефектност и продуктивност од сиот оддел. Секако, многу е значајна и соработката со другите служби со кои сме дел од комплексниот синџир во едно производство, за да можат да се согледаат и да се надминат сите предизвици што се појавуваат во работата. За добро оформен тим, тим со голема доверба меѓу членовите и со добра работна атмосфера, не постојат предизвици што не се надминуваат“, Даниел Величковски, раководител на Одделот за производство на течности. Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!
#АлкалоидСкопје #Алкариера