Oct 31, 2013

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 42 нови стипендии за учебната 2013/2014 година

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава додели 42 нови стипендии, и тоа 20 за најдобрите студенти на Фармацевтскиот и 22 за најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, за учебната 2013/14 година.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци, а Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за тековната учебна година е усвоен од страна на Управниот Одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од комисиите за распределба на стипендии.

Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година. Во состав на одборот за распределба на стипендиите влегуваат претставници од Фондацијата, од двата факултетети, како и претставници од редовите на студентите.

„Управниот Одбор работеше сериозно според постапката за избор на студенти и по опсежните анализите на комисиите при двата факултета, одлучивме наместо 40, годинава да доделиме 42 стипендии, поради бодовните критериуми кај кои имавме совпаѓање во делот на кандидатите од Медицинскиот факултет. Во оваа прилика би сакал да ја истакнам нашата гордост како членови на УО на Фондацијата, што на некој начин сме помогнале и придонеле нашите поранешни стипендисти да дипломираат. Трендот на вработување на успешни студенти во „Алкалоид“ после нивното дипломирање, дефинитивно ќе продолжи и во иднина“, истакна Претстедателот на Фондацијата и Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов.

Согласно програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од учебната 2009/2010 година, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која годинава изнесува 1.200 евра во денарска противвредност, а ја добија Емилија Лазова од Фармацевтскиот факултет, со просек 9,84 и Сандра Ѓоргова од Медицинскиот факултет со просек 9,89.

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендираше вкупно 264 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 42 во учебната 2013/14. Од нив, 82 студенти по фармација и 51 по медицина се веќе дипломирани. Од 2009 година до денес, својата кариера во Алкалоид АД Скопје, во одделите на сегментот Фармација, ја започнале 17 од стипендираните студенти на Фондацијата.

Овој веб-сајт користи веб-колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи веб-колачиња, кои се поставуваат на вашиот уред кога ја посетувате нашата веб-страница. Покрај строго неопходните колачиња, кои се потребни за веб-страницата да функционира и кои се веќе инсталирани, ние би сакале да користиме и колачиња (1) за да разбереме како се користи нашата веб-страница и како таа работи, вклучително и водењето статистика за меѓу веб-страниците; (2) за да ви овозможиме дополнителни функционалности и персонализација; (3) за да ви обезбедиме интеракции на социјалните медиуми и (4) за маркетинг-цели. Со кликнување на „Прифати ги сите“ вие се согласувате да се користат сите колачиња и да се врши соодветна обработка на податоците што може да ги содржат информациите за прелистувачот, како и откривање лични податоци на трети страни, како што е опишано понатаму во нашата Политика за приватност / Политика за колачиња За повеќе информации, конфигурација и за да ја повлечете својата согласност, кликнете на „Преференции за колачиња“.