Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје
На ден 03.04.2017 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.
На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.
Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2016 година во висина од 225,00 денари нето, односно 250,00 денари бруто за една акција што е за 8,7% повеќе од исплатената дивиденда за 2015 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 17.05.2017 година.
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.
Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.

