21 фев. 2011 г.

Имплементација на проект BC/DR

Алкалоид изврши имплементација на стратешкиот проект BC/DR (БBusiness Continuity/Disaster Recovery) во IT&T  сегментот.

Проектот BC/DR значи заштита на податоците (архивирање и реставрирање) за непречено функционирање на бизнис процесите во случај на катастрофа, оштетување, уништување на дел или комплетната IT опрема од примарната локација. За таа цел се промени централната информатичка технологија (примарна локација) и се воспостави секундарна локација со IT опрема од која бизнис процесите продолжуваат да функционираат непречено, без застој.

Опремата која се набави за овој проект е од врвни производители и светски лидери во информатичката област.

Во имплементирањето на проектот Алкалоид АД Скопје вклучи македонски и странски партнери за специфичните сервиси и решенија од информатичката бранша.

Со овој проект Алкалоид ја продолжува определбата за инвестирање во напредни и најсовремени технологии во целокупното свое работење.