7 ноем. 2022 г.

Интервју на г. Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје и Претседател на РФМ за EHF EURO 2022 во „Топ Тема“ на телевизија „Телма“


Почитувани гледачи, добровечер. Добре доjдовте во уште една „Топ тема“. Вечерва главна тема ќе биде ракометот, поточно организациjата на Европското ракометно првенство за ракометарки, од кое дел е и Скопjе, односно Македониjа. По тој повод, наш гостин во студиото на „Топ тема“ е господинот Живко Мукаетов, претседател на Ракометната федерациjа на Македониjа. Добровечер.


Живко Мукаетов: Добровечер. Би сакал да се заблагодарам за поканата и да ги поздравам гледачите на телевизија „Телма“.


Господине Мукаетов, Ви благодариме што одвоивте малку време во, веројатно, овоj хаотичен период, пред утре официjално да започнат натпреварите во Скопjе во нашата група, иако Европското првенство веќе започна денеска во осумнаесет часот.


Живко Мукаетов: Па, динамично е, но мислам дека е добро да имаат шанса нашите гледачи да чуjат како се одвиваат некои работи врзани за организациjата и за подготовката за Европското првенство, кое, еве, од утре почнува и во Скопје.


Самиот настан е само еден мал дел од сета таа машинериjа за организациjа.


Живко Мукаетов: Па, има доста активности.


Почитувани гледачи, ние ќе се вратиме веднаш на разговорот со господинот Мукаетов по кратките реклами.

Повторно сме назад во студиото на „Телма“. Господине Мукаетов, Европското првенство официјално почнува утре за македонската ракометна репрезентациjа и тоj дуел со Франциjа. Ќе го започнеме разговорот со идеjата за организациjа на ова женско Европско првенство, бидеjќи по вторпат во историjата Македониjа е домаќин – првпат во 2008, тогаш како самостоен организатор, а сега како дел од една заедничка апликациjа со Црна Гора и со Словениjа. Како се почувствува Ракометната федерациjа на Македониjа? Доволно храбра и самоуверена за да биде организатор на еден ваков голем спортски настан?


Живко Мукаетов: Па ние во Ракометната федерациjа на Македониjа во изминатиот период се покажавме како добри организатори и домаќини на повеќе меѓународни натпревари. Во периодот од 2013 година до денес организиравме осум кадетски, младински, европски и светски првенства и со самото тоа екипата, тимот во рамките на Ракометната федерациjа потврди дека може да организира и поголеми натпреварувања, а потоа веќе се почна, да кажеме, прво со некои интерни размислувања околу тоа дали сме подготвени да одиме еден чекор понапред. Но факт е дека ние, како земjа, сме хендикепирани и не можеме да ги играме финалните натпревари, затоа што мора да имаме сала од над десет илjади публика, да кажеме, за тие натпревари, што значи дека не сме во можност да организираме полуфинале и финале поради немање таква голема сала. И тогаш одлучивме дека треба да бараме некоjа комбинациjа за коорганизациjа. Разговори се водеа со неколку федерации. Со словенечката и со црногорската наjдовме заеднички jазик. Договорено беше да аплицираме, да кажеме, и за 2022 и за 2024 година, па од 2017 се почна со сите подготовки врзани со тоа, за, еве,некаде по пет години и осум месеци да сме во ситуациjа да се пофалиме дека сме организатори на сениорско европско првенство, заедно со двете земjи кои ги кажав; дека во Македониjа ќе се игра врвен ракомет и дека уште еднаш ќе имаме шанса на дело да ги видиме наjдобрите женски ракометарки на денешницата тука во Скопjе во „Борис Траjковски“ во Република Македониjа.


Пет години подготовка, пет години работа за ова женско Европско првенство. Каква е довербата на македонскиот ракомет во очите на ЕХФ и на ИХФ?


Живко Мукаетов: Па мислам дека ние имаме едно сериозно почитување и респект. Ние сме една од оние петнаесет федерации кои во континуитет добиваат и признаниjа од ЕХФ и од ИХФ како добри организатори. Еве и наредна година организираме ново 2024 Младинско светско првенство налето, така што во континуитет се докажуваме во такво светло. Значи, ова е голема чест за нас, но и голема обврска. Од друга страна, ова е голема шанса и за Скопjе и за Република Македониjа да се афирмираат, затоа што овде зборуваме за голем броj странски гости, зборуваме за исполнети хотелски капацитети, зборуваме за можноста тие странски гости да потрошат нешто во нашите ресторани и да ги видат убавините на нашиот главен град и на нашата држава. Сѐ на сѐ, мислам дека имаме шанса да направиме многу добра промоција за нашата држава Македониjа.


Да, впрочем, како што беше кажано и денеска на промоциjата на Европското првенство во Скопjе, една ракометна метропола. Традиционално, со години, уште од времето на „Кометал Ѓорче Петров“ тука доjде европска титула. Потоа тука беа ракометарите на „Вардар“, женскиот ракометен клуб на „Вардар“, репрезентациите, секако, и женската и машката носеа многу радости.


Живко Мукаетов: Па, ракометот е спорт броj еден во Македониjа, овие триесетина години апсолутно се докажа како најпопуларен, а ние сме тука за да кажеме, таа доминациjа на ракометот како спорт броj еден да jа продолжиме сите со заеднички сили.


Да, ќе останеме само уште малку на организациjата на Европското првенство, па затоа предлагам од режиjа да jа пуштат изjавата на господинот Филип Милошевски, генерален секретар на Ракометната федерациjа на Македониjа, од кого нашите гледачи ќе слушнат неколку интересни детали околу целата организациjа и околу целата логистика за организирање на овоj турнир.


Филип Милошевски: Патот до „ЕХФ Еуро 2022“ во женска сениорска кокуренција започна во февруари 2017 година, кога европската куќа на ракометот до сите свои членки испрати покана за доставување апликации за организација. Искуството на оваа гарнитура на Федерацијата, со неколкуте континентални светски младински шампионати и со признанијата што ги имаме добиено за нивна организација од меѓународните ракометни авторитети, нѐ охрабрија да го прифатиме предизвикот. Во април 2017 година апликацијата беше официјално поднесена, а веќе три месеци подоцна од нас побараа доставување на целосна стратегија, детална инфраструктура и идејна скица за евентуална реализација на европските првенства во ракомет за жени за 2022 и за 2024 година. Сиве овие официјални процедури беа проследени со дополнителни преговори и со лобирање во рамките на начелата на спортскиот менаџмент. И точно пред пет години од денес, од Ракометната федерација на Македонија и од федерациите на Словенија и на Црна Гора, на адресата на ЕХФ во Виена беше доставена заедничка, официјална апликација за организација на женското Европско првенство во ракомет за 2022 година. Следуваше 14. редовен конгрес на ЕХФ во јуни 2018 во Глазгов, Шкотска, каде што по нашата опсежна и успешна презентација ЕХФ и официјално им ја додели организацијата на ова првенство на ракометните федерации на Македонија, Словенија и на Црна Гора. Тоа лето започна и теренската работа во Скопје, со надзор на предложените капацитети од страна на ЕХФ и со голем број состаноци кои се однесуваа на сите организациски и инфраструктурни аспекти на настанот. Пандемиските ограничувања на почетокот на 2021 година наложија виртуелно извлекување на групите од прелиминарната фаза, како и предавање на победничкиот пехар меѓу претседателите на федерациите коорганизатори на ова првенство. Од летото 2021 година постојано сме во интензивна комуникација со организациските комитети на Словенија и на Црна Гора, како и со канцеларијата на ЕХФ. Од минатото лето состаноците на оперативата на ова првенство се одвиваа на месечно ниво, па преминаа на неделно, а во последните неколку месеци и на дневно ниво. А сега, непосредно пред почетокот на ова првенство, тимот на Федерацијата живее за ракометот. Човечки ресурси, сместување, транспорт, увоз и трансфер на сите реквизити и материјали за потребите на настанот. Преуредување и сетирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во согласност со пропишаните критериуми. Реализирани темелни технички и дополнителни градежни активности во Арената „Борис Трајковски“ се некои од активностите кои интезивно ги работевме во изминатите два месеца. За крај, пред сѐ, би сакал да им се заблагодарам на тимот во Федерацијата за несебичниот ангажман и на претседателот Мукаетов, кој имаше слух за сите овие високи очекувања, за кои можам да кажам дека заеднички и максимално посветено успешно ги реализиравме. И точно по пет години и осум месеци работење на темата „ЕХФ Еуро 2022“ во женска сениорска конкуренција, горди сме што Скопје ќе биде центар на сениорски ракометен спектакл со предзнак европски. Посакувам успешен шампионат.


Да, тоа беше господинот Филип Милошевски, генералниот секретар на РФМ. И Милошевски го напомена тоа дека „Борис Траjковски“ ќе биде центарот на овоj турнир, ќе биде домаќин на сите репрезентации на многу новинари фотографи, на нашите навивачи пред сѐ. „Борис Траjковски“ дефинитивно мораше да добие мал феjслифт за да ги задоволи тие високи критериуми на ЕХФ, кои треба да напоменеме дека од година во година се зголемуваат и затоа и вие го поминавте тоа дека не може Скопjе да биде домаќин на завршница од голем турнир бидеjќи нема доволно капацитет како сала во броj на гледачи.


Живко Мукаетов: Мислам дека „Борис Траjковски“ во последниот период доби едно сосема ново, освежена руво и би сакал да ги поканам нашите сограѓани да доjдат и во живо да видат што значи тоа. Салата навистина е освежена мислам дека, да кажеме сегментите кои имаа потреба да бидат од аспект на квалитет подигнати на едно високо ниво се подигнати и од тоj аспект мислам дека салата може да пружи навистина едно посебно доживување на ниво на сите сали кои ги има во Европа, кои се да кажеме таа врвна класа од аспект на она што го пружа како како можности за гледачите.


Еден од оние моменти кои изминативе речиси две недели беше топ-тема во jавноста беа цените на билетите на Европското првенство. За просечниот македонски граѓанин и за просечно семеjство петнаесет евра наjевтиниот билет некако делуваше доста скапо бидеjќи знаеме дека ракометот е и семеен спорт доста често на трибините и самите сте сведоци дека доаѓаат луѓе со своите деца и билет за четиричлено семеjство навистина чинеше многу.


Живко Мукаетов: Па прво сакам да кажам дека тоа е одлука на Европската ракометна федерациjа. Нивната прва идеjа и предлог беше наjевтината карта да биде триесет и пет евра, што ние посебно ние и црногорската Федерациjа изрично застанавме дека е тоа нешто неприфатливо за нас, како прво обjективно просечна плата коjа ја знаеме и економската ситуациjа во која е секоj наш граѓанин. И од тоj аспект ние инсистиравме дека тоа толку не може да биде. Од друга страна, тие ги земаа предвид сите оние првенства каде што досега тоа се одржало, дали се тоа женските, дали се машките, нашите граѓани знаат затоа што доста масовно доаѓаат на европските светските машки првенства и се свесни дека приближно да кажеме цените на билетите и наjевтините се од дваесетина евра па нагоре. Така, од тоj аспект нашето максимум што можевме да го излобираме, затоа што цените на билетите се во сите четири града исти, беше тоа да биде петнаесет евра наjниската карта и покраj тоа што бевме свесни дека тоа ќе доведе до огромни предизвици за салите да бидат полни. Но земаjќи ја предвид целата ситуациjа, доjдовме на една идеjа заедно спонзорите во Федерација и раководството дополнителен попуст од четириесет посто на овие карти да биде обезбеден од спонзорите на Федерациjата, за така да доjдеме до некоjа цена коjа е колку-толку пристоjна. Ние сме свесни дека е тоа скапо. Чисто за пример кога македонската машка репрезентациjа ги игра клучните натпревари, квалификации во „Борис Траjковски“ во наша организациjа, картите се или педесет и сто денари или сто и двесте денари, значи никогаш не сме биле некои поборници за скапи карти, но едноставно ова беше принудно решение кое, да кажеме, го наметнаа од Европската ракометна федерациjа и од тоj аспект jас уште еднаш ги повикувам, апелирам до нашите сограѓани во Република Македониjа да доjдат, да им дадеме поддршка на девоjчињата, затоа што мислам дека е сепак Европско првенство, се игра во Македониjа, ним им треба таа поддршка и од тоj аспект треба сите да застанеме. Од друга страна, треба да бидеме исто реални да кажеме дека на македонскиот граѓанин на одредена структура не му е проблем за некоjа турбо-фолк ѕвезда да даде осумсто, илjада, или илjада и двеста денари, па сепак мислам дека девоjчињата кои играат за македонската ракометна репрезентациjа многу повеќе од турбо фолк ѕвезди заслужуваат да бидат пропратени со публика коjа ќе им даде максимална поддршка.


Секогаш била таа дебата во македонската jавност дали цените на билетите за спортски натпревари се скапи, а за турбо фолк естрадните уметници се евтини.


Живко Мукаетов: Жалосно, но вистинито.


Конечно можеби ќе видиме и салите да бидат полни на спортски натпревари, не на турбо-фолкери. Очекувањата од утрешниот натпревар, дали трибините на „Борис Траjковски“ ќе бидат полни.


Живко Мукаетов: Jас сум оптимист бидејќи досега она што ние го имаме како некои податоци е дека од четирите сали каде што се играат првите кола, досега најголем броj на билети сепак во Скопjе беа купени. Но ќе видиме, има уште еден ден, ќе видиме како ќе биде што ќе биде, но jас сум оптимист дека нашите девоjки ќе добиjат навистина голема поддршка утре во салата „Борис Траjковски“.


Вероjатно малку и каj ракометарките сега е доста чудно бидеjќи се во фокусот на целата спортска jавност, па и на jавноста воопшто. Не се сеќавам дека некоjа од овие ракометарки играла пред полна сала во Скопjе како репрезентативка, можеби Сара Ристовска како дел од Вардар во Лигата на шампионите, но мислам дека повеќето девоjки сега првпат ќе jа почувствуваат онаа еуфориjа што македонските навивачи можат да направат.


Живко Мукаетов: Мислам дека девоjчињата апсолутно тоа го заслужуваат. Јас нив лично им кажав дека треба да веруваат во себе, да веруваат во тимот, да веруваат во она за што играат, а тоа е наjголемата чест на коj било поединец и наjголемото задоволство вероjатно да игра за сопствената држава, така што мислам дека од тоа поголем мотив нема, jас сум убеден дека ќе го дадат максимумот.


Да, сега кога ќе започнеме да зборуваме малку за женската ракометна репрезентациjа, прво предлагам да ги слушнеме изjавите од селекторот Љубомир Савевски и уште две наши ракометарки кои ги направивме утринава за време на прес-конференциjата.


Љубомир Савевски: Ние се обидовме за оваа година нешто да направиме. Значи точно 18 месеци како сум на чело на оваа репрезентација, заедно со кадетите и со јуниорите, и во овој спој, во овој состав има во моментот пет кадети. Двајца кадети беа повредени, значи во деветнаесет кадети ако не беа повредени, ќе беа седум кадети што кажува играчи од 15 до 18 и пол години. Тоа е богатството на оваа репрезентација. Тоа е она што мене ме радува. Ако успееме да направиме спој, ако успееме да го подигнеме нивото на нивната игра, затоа што видовме на тие натпревари со Норвешка и со Словенија, играме добро до 40-45 минута и паѓаме затоа што 6-7 играчи играат цело време и не можат да го издржат темпото на овој ракомет, а вие ќе бидете сведоци како изгледа светскиот ракомет во овој момент. Она што јас го видов на овие снимки е фантастично. Мислам дека никогаш немало толку напредок во женскиот ракомет како сега. Ова што го направивте вие, Ракометната федерација, оваа презентација ваша е малку збунувачка за сите, за мене иако сум јас искусен, а и за нив исто така. Секој ден со некои интервјуа, секој ден на некои разговори. Како што и доаѓа времето сме понервозни и понервозни, се надевам дека е тоа онаа позитивна спортска нервоза. Тие се свесни со кого играат. Јас во разговорите им реков дека за мене е многу битно да покажат карактер и да покажат добра игра, па што сака нека биде. Не е ни битно што ќе биде затоа што тоа е репрезентација која ако сака може да победи секого со 10-15 разлика. Видовте каква беше ситуацијата, една Холандија ја победи Норвешка светски, европски, олимписки првак, 10 голови разлика како од шала. Значи тие две репрезентации, Холандија и Франција, како големи фаворитки, а вчера гледаме Романија играше без четири од прва постава играше нерешено со Германија, значи исклучително тешка група. И таа нервоза се надевам дека ќе ја надминеме за да можат да покажат и повеќе отколку што знаат во овој момент.


Леонида Гиќевска: Како што се доближува времето до Првенството сѐ повеќе расте возбудата кај нас и, исто така, мала доза на нервоза, но тоа е сепак нормално. Мислам дека кога ќе почнат сите тие натпревари сето тоа ќе излезе уште во загревањето. Мислам дека сме добро подготвени тактички и физички. Девојките што играме во странство играме во посилни лиги и мислам дека сме добро подготвени физички, додека играчите кои играат во домашно првенство, исто така, работеа на таа физичка подготовка со нашиот кондициски тренер Петар Башнарков, кој е еден од најдобрите, навистина., така што мислам дека сме добро подготвени и во едниот и во другиот дел.


Јована Саздовска: Искрено да ви кажам, гледаме кои ни се противниците, Романија, Холандија и Франција. Не гледам дека некој од нив е послаб или со помал квалитет. Тие се тие репрезентации, кремот на европскиот ракомет. Сега силите што ќе ги дадеме на првиот, вториот и третиот натпревар не знам дали ќе се истите, но ќе се потрудиме да го дадеме својот максимум на сите три натпревари. Ние како спортисти, како ракометарки, ја имаме својата надеж за победа, секако се стремиме кон тоа, не се откажуваме на ниеден натпревар. Ќе го дадеме својот максимум, ќе ја дадеме својата игра, она што го знаеме и ќе одиме секогаш на победа, зошто да не.


Да, тоа беа и двете наши репрезентативки Гичевска и Саздовска. Господине Мукаетов, во контакт сте постоjано со девоjките, денеска ги мотивиравте уште малку плус за да се претстават утре против Франциjа, против еден гигант на светскиот ракомет, а и селекторот Савевски спомена дека можеби моментално Франциjа го има и наjдобриот состав во историjата на женската ракометна репрезентациjа. Според вас, од прва рака, каква е атмосферата во тимот на Македониjа.


Живко Мукаетов: Атмосферата е позитивна. Мислам дека владее едно навистина големо другарство, тимски дух меѓу девоjките. Имаме искусен селектор, стратег, кој ја носи целата екипа заедно со него, така што според мене мислам дека ние сме тука да ги бодриме. Сметам дека она што беше обезбедување максимални услови од наша страна се обезбеди и сега од утре е да на терен покажат она што го имаат како квалитет, а jас сум убеден дека има квалитет што треба да го покажат на нашата jавност, на нашиот народ.


Овоj тим од ракометарки е релативно млад. Многу ракометарки имаме од кадетската репрезентациjа, jуниорска репрезентациjа, коjа изминатиов период некако бележи подобри резултати, оди во нагорна линиjа, бидеjќи во минатото се сеќаваме дека тие младински селекции воопшто не беа приjавувани во шампионатите на ЕХФ во квалификации и така натаму. Сега малку се промени фокусот на Ракометната федерациjа претпоставувам, тоа е мое мислење, дека малку повеќе се внимава на младинските селекции, па можеби ова европско првенство ќе ги покажа првите резултати од она што е работено изминатите години во младинските селекции.


Живко Мукаетов: За нас младите селекции и младите категории се на прво место. Тие се фокусот на она што е стратегиjа на Ракометната федерациjа на Македониjа, така што од тоj аспект, како и што кажавте, како што 2013 доjдовме прво беше да се приjават на сите можни натпреварувања, да се направи систем во кој и младинските категории, пример кај суперлигашите ќе играат. Факт е дека каj женските имавме една доста, да кажам, и сурова смена на генерации по периодот на „Кометал Ѓорче Петров“ имавме неколку генерации кои, за жал, не извадиjа ниво на квалитет на репрезентативки што може како тим да jа носат репрезентациjата напред, но сега мислам дека имаме една одлична база за А-селекциjата. Jас сум убеден дека од овие неколку помлади категории последните години, кои излегоа заедно со неколку од претходно веќе етаблирани репрезентативки, како Сара Ристовска како Саздовска, jас сум убеден дека ќе се создаде една синергиjа, еден тим коj ќе може долги години со успех да настапува и на завршните натпреварувања. Значи, ова да не биде само инцидентно, еве ние сме организатори, па затоа нашата репрезентациjа игра на завршно натпреварување, туку jас сум убеден дека со една континуирана посветена работа оваа репрезентациjа има база, има основа има квалитет, има огромен потенциjал да напредува од година за година. Тука не е пикот. Тие се навистина премлади, ние очекуваме за неколку години да биде, да кажеме, напредувањето година за година, но добро е што сметам дека ова навистина може да биде за нив еден ветер во грб, едно огромно искуство кое би го добиле од аспект на играње пред своjа публика на сениорско Европско првенство и тоа натаму да биде само нешто што би се надградувало.


Да, веројатно едно поголемо искуство да го почувствуваат оној спортски притисок на настап на големо натпреварување.


Живко Мукаетов: Е, па, подобро сега нив ќе им доjде до некаде малку ново, посебно на помладите, дека еве тука се во жижата на интересот на jавноста, но треба и тоа да се помине.


Затоа тоа ќе биде добро искуство за во иднина. Кога зборуваме дека оваа репрезентациjа е доста подмладена. Моето следно прашање малку поопшто околу женскиот ракомет каква е масовноста во македонскиот женски ракомет во помладите категории, во клубовите во женските ракометни клубови. Каков е интересот и каj младите девоjчиња да тренираат ракомет? Дали имаме база и масовност од каде што можеме да вадиме таленти?


Живко Мукаетов: Кај младите девоjчиња база и масовност до некое време имаме, но, за жал, прво факт дека се кубури со средства. Факт е дека повеќе од средствата се одвоjуваат за машкиот версус за женскиот ракомет, кој е некаков да кажеме глобален тренд. Сметам дека не треба да биде така, дека тоа треба да биде апсолутно избалансирано и каj девоjчињата се случува оноj период тука меѓу 14 и 17-18 години доста од нив се одлучуваат сепак да не се занимаваат со ракомет, така што тука се тие години кои се некоjа пресвртница да кажеме. Ние за жал го имаме хендикепот на слаба лига, го имаме хендикепот на тешка можност за организирање да кажеме на повеќе екипи кои би биле на некое рамниште да се носат со европските. Еден период имавме размислување и за клуб репрезентациjа да кажеме, дел од спонзорите во Федерациjата ги замолиме да кофинансираат и еден таков проект, но секогаш стои ризикот дека и тоj клуб репрезентациjа треба да игра во некоj лига коjа е доволно квалитетна. За жал не успеа еден обид пред седум-осум години да се направи таа регионална лига, коjа мислам дека ќе можеше да доведе до, да кажеме, еден друг додатен интерес и мотив за спонзорите, затоа што тогаш можеби ќе се можеше да се направат да кажеме по два клуба од секоја од овие земjи, а по два некаде имаме кои се на некое поквалитетно ниво. Еве, ако ги земеме за пример дали е тоа Хрватска, еден клуб во Црна Гора, во Србиjа исто еден-два пркнуваат така што... Словениjа Крим. Каj нас нели се поjави „Вардар“ еден период и така имаме некои други обиди, „Металург“ пред тоа, но сепак сето тоа кога ќе се стави на куп е многу тешко кога би играле во лига во коjа тоj клуб би ги победувал другите по 20-30 разлика и тоа не би било еден систем, кој и квалитетот коj бил концентриран на едно место би го подигнал на едно повисоко ниво.


Моето следно прашање се однесува на селекторот Љубомир Савевски. Се одлучивте за еден искусен стратег, кој долги години има работено и во машкиот и во женскиот ракомет, но одреден дел од годините не работеше, беше буквално настрана од ракометниот спорт. Што видовте како квалитети кои може да го доведат Љубомир Савевски во женскиот ракомет, бидеjќи ги има ингеренциите за помалите селекции. Беше селектор на нашата репрезентациjа до деветнаесет години на Светското првенство минатото лето на кое бевме исто така домаќини.


Живко Мукаетов: Љубомир Савевски е еден искусен тренер, искусен стратег, кој прво има огромно влиjание во градењето на многу генерации македонски ракометарки и ракометари. Значи зборуваме за човек кој во деведесеттите и во двеилjадите години работел со многу генерации наши, потоа прекалени репрезентативки и репрезентативци. Голем дел од нив токму во годините кога се граделе како играчи бил тука со нив и апсолутно мислам дека во своето портфолио има навистина голема заслуга за нивото на кое го имаме ракометот каj нас. За мене навистина е жално што тоj човек веќе скоро десет години не бил вклучен во ракометот. Не би навлегувал во причините за тоа. Она кога седнавме и се договоривме беше дека ние како федерациjа ќе му ја овозможиме максималната логистика; дека она што е правило лично мое и на да кажеме останатите вработени во менаџментот на Федерациjата е дека не се мешаме во оперативни работи на она што го работат селекторите и стручните штабови. Овозможуваме максимални услови, бараме резултати и бараме захтевност од нашите селектори, од стручните штабови, бараме проактивност, бараме нонстоп да доаѓаат со нови додатни идеи. Како да ден за ден се подобруваме и од тој аспект мислам дека ја најдовме правата формула, затоа што еден човек коj е вљубеник во ракомет, коj сака да работи од сабаjле до вечер сметам дека тоа е првиот пристап да му се овозможи таа поддршка за да може да работи, така што мислам дека ние сме една навистина среќна комбинациjа затоа што секоj си го знае своето место во системот и дава максимум таму каде што може да биде и каде што има знаење да го даде.


Сега сакам малку да позборуваме за проектите на РФМ околу тие младински светски и европски првенства кои се организираат, ги споменавте и вие на почетокот. Мислам дека и генералниот секретар Филип Милошевски спомена во своjата изjава дека РФМ има добиено награда од ЕХФ како одличен организатор, награда коjа ретко jа доделува, ако не се лажам, само петнаесет федерации во Европа ја имаат добиено.


Живко Мукаетов: Па ние мислам дека сме посветени на младите категории како што кажав уште од 2013, тоа беше една од првите работи што ги направивме. Рековме дека нашите младински селекции мора да учествуваат на сите нивоа на натпреварување. Плус ќе пробаме да донесеме што повеќе натпреварувања тука да може да играат на завршни турнири. Ние, поради тоа што пред тоа имале неколку години неприjавување, се доведовме во ситуациjа да започнеме во Б дивизиjа затоа што беа земени предвид петте последни години, значи тие неколку кои не сме играле плус една две каj што имавме сосема квалитетни генерации кои влегоа на завршните европски првенства и светски, но, од друга страна, во тоj просек не може да дојдат до тие бодови кои треба да стартуваме во А дивизиjа. После ни требаше долго време за денеска да може да се пофалиме дека сите наши млади категории влегоа во А-дивизии на европски, светски првенства, но тоа беше макотрпна работа, посебно кога, да кажеме, го имате тоj хендикеп да од назад тргате. Чисто една мала дигресиjа на пример генерациjата на Кузмановски, Талевски, Неловски и останатите не беше приjавена годината кога ние доjдовме и преземавме Федерациjата да се натпреварува.


А сите знаеме дека сега се дел од носителите на сениорската репрезентација.


Живко Мукаетов: Сега се тие срцевината на машката репрезентациjа, од нив очекуваме да не носат напред во наредните години.


Да, и таа генерациjа кратко потоа на Светското првенство во Алжир, ако не се лажам, освои шесто место.


Живко Мукаетов: Шести беа, тоа е наjголем успех на светско.


Вероjатно резултатите на младинските репрезентации се еден вид показател за иднината на сениорската репрезентациjа, бидеjќи споменавме веројатно сега и очекувањата се поголеми и каj сениорите, за во иднина зборувам, бидеjќи изминатово лето и кадетките и jуниорите направиja еден одличен успех, освоиjа ЕХФ шампионати.


Живко Мукаетов: Мислам дека очекувањата се големи, битно е да се работи на сите фронтови и да се даде максимална поддршка. Да се бараат форми како да се мотивираат и клубовите да работат што повеќе со млади генерации, што повеќе да бараме форма како да се форсираат македонски играчи, што не едноставно. Сето тоа со тек на време ќе даде резултати. Инаку каj машката селекциjа jас би сакал да го истакнам задоволството што успеавме сепак да направиме една мека смена на генерации, каде што тоа одеше постепено, и овозможиjа, да кажеме, оние повозрасните во комбинациjа со младите да го задржиме тоj континуитет . И сепак jас мислам дека апсолутно сме горди дека од 2012 до денеска не сме испуштиле ни едно европско и светско сениорско машко првенство, што мислам дека не знам колку репрезентации, држави во свет, во Европа го имаат тоа, затоа што се случуваше некои кои се од поjаките да не учествуват.


Германија мислам имаше два турнири каде што не учествуваше.


Живко Мукаетов: Германија и Словенија и доста други.


Со поголема традиција во ракометот од нас. Следната тема ми беше токму македонската машка ракометна репрезентациjа. Би сакал да ве прашам околу Кире Лазаров. Наjпрво играч селектор сега веќе е само селектор. Беше ли тешко да се убеди Лазаров да остане во Македониjа да работи бидеjќи Кире Лазаров е познат во целиот ракометен свет и Европа, па веројатно понудите да продолжи како тренер не изостануваа од вероjатно големи гиганти, можеби репрезентации, ова е само мое размислување. Беше ли тешко да се убеди да почне со своjата тренерска кариера токму во Македониjа како селектор на репрезентациjа?


Живко Мукаетов: Ние со Кире Лазаров се знаеме подолго време. Факт е дека цел овоj период работиме заедно значи тоj беше носител на играта на машката репрезентациjа со години. Потоа се одлучивме за овоj потег и jас сум му благодарен што прифати, да кажеме, да го преземе тоj момент и да се нафати во исто време да биде играч и да ја води репрезентациjата. Факт е дека тој ценет на едно супериорно ниво што се однесува до ракометниот свет, дали е тоа Европа дали светот воопшто, и од тоj аспект мислам дека за нас е богатство што е тука и што работиме заедно, што тој своето знаење може во континуитет тука во Македониjа да го дава и во рамки на репрезентациjата и веќе со ангажманот со ракометниот клуб „Алкалоид“.


Ај да бидеме малку шпекулативни. Знаете дали имаше Кире Лазаров понуди од некои други клубови и ги одби?


Живко Мукаетов: Па нешто знам, но jас тоа би го кажал на еден друг начин. Што е подобро за македонскиот ракомет: да го имаме Кире Лазаров тука од сабаjле до вечер да работи со млади ракометари, да создава ракометари, да го пренесува своето знаење или да биде тренер на некоjа екипа во Европа на таа возраст на коjа што е? Мислам дека тука секоj што малку размислува за доброто на македонскиот ракомет апсолутно треба да го поздрави неговото вклучување на што повеќе да кажеме во што повеќе сегменти во работењето на македонскиот ракомет.


Го споменавте вашиот ракометен проект РК Алкалоид. Оваа година во Суперлигата резултатите вероjатно ве задоволуваат, веднаш зад Вардар со еден пораз и токму зад шампионот, односно двократниот освоjувач на двоjната круна од минатата сезона. Како сте задоволен од текот на РК Алкалоид, односно патот кон коj го води моментално клубот?


Живко Мукаетов: Проектот РК Алкалоид е направен поради тоа што jас како прв човек на Федерациjата и раководството на Федерациjата имавме доста разговори со водечките клубови во Македониjа, при што ние потенциравме во континуитет дека би било добро да се наjде форма како македонските играчи да се форсираат повеќе, да се наjде простор за нив и се останато. Тоа се приватни проекти и нормално дека тие клубови си бркаат брзи резултати, од тој аспект никоj нема право да им замерува, зашто таму се оди на вариjанта на правење екипи каде што странци се претежно главни играчи. Од тој аспект тие амбиции си ги бркаат, секоjа чест за тоа. На краj на денот „Вардар“ беше двапати првак на Европа и тоа е максимум што може се постигне во клупскиот ракомет. Но стратегиjата на ракометниот клуб „Алкалоид“ е стварање млади играчи, барање таленти, играчи кои се од тука, од Македониjа, играчи кои ќе се градат, коj ќе бидат една основа, еден столб на македонската ракометна репрезентациjа. Тоа е проект кој не трча за тоа дали ќе биде прв, втор, трет или четврти во Македониjа, во лигата, туку проект коj треба да ствара во континуитет македонски ракометари кои ќе бидат основа, кои ќе бидат столб на македонскиот ракомет. Клуб коj треба да гради систем, кој треба да гради една модерна ракометна игра, треба да работи по сите параметри, треба да води грижа за сите тие ракометари и треба да ствара нови вредности. Значи тие ракометари треба да бидат прво како личности како што треба добро воспитани, да почитуваат, да респектираат, а потоа да кажеме како такви таа приказна да ја шират и да се градат во личности, во еден пример во општеството за децата како треба да се развиваат.


Шампионска титула во Македониjа би била вероjатно врвот на проектот.


Живко Мукаетов: Воопшто мотивот во старт не е шампионска титула, туку мотивот е како да се постави еден систем коj во континуитет ќе изнедри квалитетни македонски ракометари и ќе ствараме една база, една иднина, коjа ќе го подигне нивото на квалитетот на македонскиот ракомет тука и пошироко.


А во овие моменти дали ги оправдуваат вашите очекувања клубот, резултатите и играта.


Живко Мукаетов: Апсолутно да. Мислам дека, според она што го гледам на терен, е ракомет кој е поприлично различен од сето она што го играат другите екипи. Многу побрз, многу подинамичен. Просек на возраст 19-20 години, млади луѓе кои допрва треба нормално да растат и да го дадат максимумот, и кои од ден на ден растат.


Кога веќе зборуваме за РК Алкалоид, добро би било да напоменеме за македонското првенство малку. Квалитетот е тоj што е изминативе години. Вардар претходно доминираше, сега тука се Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Бутел, исто така, квалитетен амбициозен состав. Пролет, да не го заборавам, како постоjано учесник во македонскиот ракомет, па и на европската сцена. Што прави РФМ како организациjа за да придонесе ракометот да биде поквалитетен; да им овозможи шанса на спонзорите да влезат да инвестираат во клубот како фер првенство, како добри услови за натпревар?


Живко Мукаетов: Па прво Федерациjата, да кажеме, под мое раководење на тимот, значи Ракометна федерациjа на Македониjа, уште од 2013, како што влеговме, година за година сукцесивно се намалуваат добар дел од обврските на клубовите кои, да кажеме, треба да ги плаќаат по разни основни. Тие обврски ги презеде добар дел Федерациjата и од тој аспект сметам дека трошоците кои клубовите сега ги имаат се многу помали во однос на она што некогаш било. Потоа ние 2013 како што влеговме така се влезе во една модернизациjа, дигитализациjа, пред тоа на машини за куцање се правеа од извешти до сѐ. Патуваа со денови додека да дојдат во Федерациjата, денеска тоа го немате. Од тој аспект тоа е нормално ново модерно време и тоа подразбира и такви моменти, така што во континуитет значи се бараат форми како да им се олесни на клубовите онаму каде што може. Од друга страна, мислам jавна таjна, треба обjективно да зборуваме, во овие девет години нема ниедна ситуациjа каде што некоj клуб може да се пожали дека бил оштетен до тоа ниво да не биде на тоа место на кое треба да биде, значи ние немаме позади нас ниедна афера во овие девет години дека некоj на сметка на друг бил подобро пласиран на табелата. Така што од тоj аспект апсолутно прва работа на коjа jас инсистирам е се знае судии, делегати тоа да биде максимално како што треба и тоа да биде на едно врвно ниво. Мислам дека ние сме горди што имаме една плеjада на врвни интернационални судии, на врвни делегати, го имаме човекот коj води судиската федерациjа во ЕХФ, Драган Начевски. Од тоj аспект мислам дека регуларноста на сите натпреварувања ни е прв приоритет и така ќе продолжиме и натаму. Тука нема, како да кажам, нема компромиси по ниеден основ.


Господине Мукаетов, тука ќе направиме кратка пауза за реклами, па повторно се враќаме со уште завршни поенти од вечерашната топ тема.

Повторно сме назад во студиото. Господине Мукаетов, некаде сме при краj со разговорот. Опфативме доста теми од апликациjата на Европското првенство до организациjата, логистиката, нашата репрезентациjа, женската, машката, малку и домашното првенство. Веројатно како што напоменавте вие, со оглед на фактот дека машката ракометна репрезентациjа десет години игра континуирано на големите турнири, веројатно темите за ракометот и тешко ќе ги исцрпиме. Но една од темите кои генерално во спортот наjмногу доаѓа до израз е спортската инфраструктура. Споменавме на почетокот дека „Борис Траjковски“ мораше да добие малку феjслифт за биде тоj стандард запазен, стандардот на ЕХФ како домаќин на едно европско првенство. Факт е дека можеби во изминативе години и спортската инфраструктура е нешто подобрена во смисла на многуброjноста на повеќе сали, но нивната одржливост, некои сали и не се баш доволно добри за одржување домашни натпревари, а не па странски натпревари. Па еве коj е ставот и размислувањето на Ракометната федерациjа во однос на тоа дали клубовите треба повеќе да се грижат за своите сали. Дали оние кои стопанисуваат како општини како држава со истите спортски обjекти, бидеjќи имаме спорт, но ако ја немаме инфраструктурата, вероjатно, педесет посто од работата не е ни завршена.


Живко Мукаетов: На Македониjа дефинитивно ѝ треба инфраструктура, ѝ треба поставен систем во тоj дел. Значи на Македониjа ѝ требаат повеќе сали, на Македонија ѝ требаат повеќе топли сали, затоа што ние сме доведени во ситуациjа како дел спортови вторите делови од првенството да почнуваат покасно поради тоа што нема топли сали. Потоа, обjективно имаме многу спортски ентитети кои кубурат со простор, па мора во основните училишта, во термини кои не се баш можни за добра организациjа, да ги добиваат за да можат таму да работат поради нивниот ентузиjазам и што е врзан со тоа, така што дефинитивно по мене е потребно да се влезе во еден нов циклус на градење сали, но и да се влезе во еден циклус на одржување на тие сали потоа, затоа што една работа е нешто да се изгради, а очигледно на овоj дел од Европа многу потешко тоа се одржува на еден начин, коj да кажеме ќе ги задоволува условите. Затоа што ние сите мора да придонесеме многу повеќе деца да се занимаваат со спорт. Занимавањето на децата со спорт да почне од училиштето, да наjдеме начин како да ги мотивираме учителите, професорите по физичко воспитување, повеќе да работат со децата, затоа што базата и основата почнуваат од таму, па после тоа следното е нормално како идат генерациите што како да се прави. Но во секоj случаj, тука мислам дека треба да се влезе во еден нов циклус на градење инфраструктура коjа ќе овозможи што повеќе занимавање со спорт. Кога ние сме растеле било друго, многу повеќе имало паркови и ние сите маалски сме растеле, сме играле се што е спорт во маало, сега тоа го нема, заради тоа ние мора да наjдеме начин како таа инфраструктура да jа прошириме, да ја појачаме и да овозможиме оние што сакаат да се занимаваат со спорт имаат каде тоа да го прават на еден достоинствен начин за да може утре да ние очекуваме од нив дека, да кажеме, како народ како нациjа ќе се развиваме здраво. Затоа што се знае дека спортот е основа за тоа. Од друга страна, сметам дека инвестирање во спорт е апсолутно наjдобрата инвестициjа на коjа било држава. И од тој аспект сметам дека треба сите заедно да се вклучиме, да се мобилизираме, од федерации преку, да кажеме, нормално Агенциjата за млади спорт е тука, Олимпискиот комитет коj скоро и не го приметуваме што воопшто работи, па до сите останати авторитети во државата и да направиме една инфраструктура коjа ќе може да носи градење на една здрава нациjа, од една страна, и, од друга страна, во континуитет стварање спортисти и спортски успеси со кои сите ние ќе бидеме горди, затоа што знаеме дека тоа и од аспект на амбасадори на една држава нешто што на наjдобар, наjбрз начин jа претставува државата. И сами знаете што значи една победа против Германиjа или против Италиjа во фудбал, каква е тоа реклама за една држава. Не зборуваме за резултати на нашата ракометна репрезентациjа во континуитет, така што тоа е формулата за успех.


Значи сметате дека, ќе го наречам, спортското образование од наjмала возраст е клучно во развоjот на спортот во Македониjа.


Живко Мукаетов: Апсолутно да. Сите тука треба да се мобилизираме како да го подигнеме тоа, прво од аспект на масовност, а второ од аспект на квалитет.


Споменавте дека другите спортски институции треба да соработуваат заедно. Може ли РФМ да биде главната точка, односно да биде организатор на сите други федерации заедно да работат? Ги споменавте и МОК и Агенциjата за млади спорт и да се направи вистинска спортска стратегиjа како да одиме напред од оваа точка каде што сме сега.


Живко Мукаетов: Мислам дека е нереално и невкусно да не бидеме тие што би го организирале тоа, но си има институции во државата на кои тоа им е опис и попис и тоj аспект треба од нив нешто да се потегне, а ние сме тука ако треба добрите пракси однадвор со сите оние да кажеме контакти кои ги имаме да ги донесеме, пренесеме. Да кажеме оние кои треба со тоа да се занимаваат да си го видат како тоа да го реализираат понатаму. Тука сме максимално отворени за каква било поддршка и додатно ангажирање доколку е потребно.


Да, бидеjќи во федерациjата како Ракометна федерациjа работите, споменавте, девет години и прилично го унапредивте ракометот во секаква смисла, како што кажавте, и логистичка и организациска, но исто така факт е дека оние помали спортови, помали федерации имаат сериозен проблем и, како што напоменавте, и до пристап до сала, а не само добри услови.


Живко Мукаетов: Апсолутно да, затоа викам дека треба инфраструктура. Кога неа ќе ја имате, на тоj начин тука ќе може секоj да го добие местото кое, да кажеме, до некаде му припаѓа. Факт е дека нели во држави мали како нашата многу е тешко да очекувате дека сите би добиле доволно простор колку што имаат потреба, дали финансии, дали простор, дали што било. Но на краjот на денот со резултати ќе се наметнат. Еве, пример за тоа е теквондото. На пример, Дејан Георгиевски освои сребрен медал и тоа е мотив една компаниjа како нашата да наjде форма да биде, да кажеме, спонзор и поддржувач на теквондо федерациjата и на теквондо репрезентациjата на Македониjа, затоа што они покажаа дека имаат капацитет, можат да исполнуваат резултати и тука веќе сите ние ќе помогнеме околу тоа. На истиот начин оние кои покажуваат сигнал дека имаат потенциjал да бидат конкурентни треба уште толку ние да се мобилизираме и да ги помогнеме.


Значи фокусот треба да биде онаму каде што е успехот, треба да се помогне уште повеќе.


Живко Мукаетов: Сите треба да добиjат шанса на почеток, но на краj поради тоа што не може на сите фронтови, треба на оние кои навистина покажуваат капацитет да им се овозможи да го подигнат нивото и да бидат глобално конкурентни не само во помали географски простори.


Опфативме уште една опширна тема за македонскиот спорт. Веројатно има уште многу да дебатираме за проблемите на македонскиот спорт воопшто изминативе триесетина години, иако ќе кажам, според моето мислење, дека резултатите ни се многу над она што се вложува во спортот, барем тоа е мое мислење.


Живко Мукаетов: Па тешко е, факт е дека сето тоа е изврзано и, нормално, спортот сепак зависи од економиjата и од многу други фактори. Ние од тоj аспект сме свесни дека не е воопшто едноставно и дека тешко некогаш испливува на површина потребата на спортот, како и на други сегменти од општеството, но во секоj случаj има ентузиjазам, има љубов кон спортот и сето тоа треба да се исканализира на еден добар начин, да има талент прво каj нашиот народ. Талентот треба да го исканализираме на еден вистински начин за да бидеме многу поуспешни од тоа што сме во моментот.


Тука сме некаде при краjот на вечерашниот разговор, па за краj ќе се навратам уште еднаш на Европското првенство. Утре ни доаѓа тој натпревар со Франциjа од осумнаесет часот, во понеделник со Холандиjа, а во среда со Романиjа. Ваша прогноза за натпреварите или конечен пласман на македонската ракометна репрезентациjа.


Живко Мукаетов: Ќе се бориме до краj.


Значи дипломатски.


Живко Мукаетов: Ќе се бориме до краj. Девоjчињата, како што кажаа, ако веруваат во себе, ако веруваат во тимот, ако дадат максимум, мислам дека може да очекуваме добри вести од салата „Борис Траjковски“.


И јас се надевам, исто така, и дека ние како спортски новинари ќе известуваме само за победи и на женската ракометна репрезентациjа, а секако и за сите останати македонски спортисти, и се надевам дека ќе ја видиме женската ракометна репрезентациjа во втората фаза во Скопjе; дека оние натпревари кои ќе се играат во главната фаза во Скопjе ќе бидат исто така со полни трибини.


Живко Мукаетов: Навиваме за Македониjа.


Господине Мукаетов, уште еднаш ви благодарам за одвоеното време и што одвоивте време да дојдете во Телма, иако сте доста зафатен околу Европското првенство. Мислам дека бевме доста исцрпни околу целата организациjа, околу репрезентациjата, околу ракометот воопшто.


Живко Мукаетов: Благодарам, благодарам за поканата уште еднаш. Поздрав до гледачите на Телма телевизиjа и покана за сите вљубеници во ракометот повелете доjдете во салата „Борис Траjковски“ од утре натаму, затоа што има што да видите.


Да. И jас ќе упатам една покана до сите љубители на спортот, пред сѐ на ракометот, утре од осумнаесет часот во арената „Борис Траjковски“ Македониjа против Франциjа, па зошто да не се случи едно спортско чудо. Сме ги правеле и во минатото, зошто да не го направиме и утре. Почитувани гледачи, ви благодарам за вниманието.