24 ноем. 2016 г.
Известување за измени во органи на управување
Известување за измени во органи на управување
Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, Надзорниот Одбор донесе oдлука за избор на членови на Управен Одбор.
За членови на Управен Одбор на Алкалоид АД Скопје повторно се избрани лицата:
Живко Мукаетов
Милкица Глигорова
Ѓорѓи Јованов
Ќире Ицев
Виктор Стојчевски
Членовите на Управниот Одбор се избрани за период од шест (6) години, сметано од 21.11.2016 година.
Членот на Управен Одбор на Алкалоид АД Скопје Живко Мукаетов се именува за Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје.
Претседателот на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје го застапува Друштвото во односите со трети лица, без ограничување и носи назив Генерален Директор.