Alkaloid AD Skopje logo
Заштита на животната околина›Листа на проекти за Eнергетска ефикасност

Листа на проекти за Eнергетска ефикасност

Проекти за Eнергетска ефикасност

Во периодот од 2013 до 2016, Алкалоид АД ја искористи можноста за кредитирање и финансирање на Енергетски ефикасни проекти и проекти од областа на обновливи извори на енергија, финансирани преку кредитна линија на WeBSEFF (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility) овозможена од страна на Европска банка за обнова и развоj  и Европската комисија за да се обезбедат кредити за компаниите од Западен Балкан (Македонија,  Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска).  

Услов за да бидат прифатени за финансиска поддршка проектите беше да се остварува енергетска заштеда од најмалку 20%, намалување на емисија на стакленички гасови повеќе од 20% , како и да бидат во согласност со националните барања за животна средина, здравствените и безбедносни стандарди и соодветно да се обезбедат сите потребни дозволи.

Главни придобивки од проектите е заштеда на енергија, поврат на инвестицијата преку заштеда на енергија, унапредување на технолошките линии и опрема, како и градење на имиџ на општествено одговорна компанија која се грижи за заштита на животната средина. 

Во тој период се реализираа повеќе проекти на Алкалоид АД во Скопје, како и еден во Белград . Беа инсталирани сончеви колектори за загревање на санитарна топла вода, модернизација на системот за загревање во едукативниот центар во Дојран, воведување на топловоден нискотемпературен гасен котел за загревање на објект Контрола на квалитет Фармција, Магацин за суровини и амбалажа и придружни простории. Континуирано се вложува во енергетско ефикасни кровни и фасадни системи како и прозорци со низок коефициент на топлинопреносливост. Покрај набавката на нова енергетско ефикасна опрема, се посветува внимание и на автоматизација и оптимизација на сите системи кои што користат било каков тип на енергија. Во октомври 2015 година во Загреб, Алкалоид АД ја доби првата награда за успешно спроведен енергетски ефикасен проект. 

 Вкупната вредност на  средствата од кредитната линија на WeBSEFF што АЛКАЛОИД АД ги користеше, изнесуваа околу 1.500.000 ЕУР. 

1. Проект- Инсталирање на сончеви колектори (вредност: 60.000,00 ЕУР) 

Инсталирани се вкупно 60 сончеви колектори со 150м² колекторска површина на следните објекти: 

  • Институт за истражување и развој Фармација, локалитетот Автокоманда, 

  • Производство на цефалоспорини (ППСЦ),  локалитет Ѓорче Петров, 

  • Едукативниот центар на Алкалоид АД во Дојран и 

  • Објект Ресторант, локалитет Автокоманда. 

Целта на проектот е инсталирање на сончеви термални колектори за добивање на санитарна топла вода. 

2. Проект –Реконструкција со пренамена на дел од објект за Производство на козметика  во Магацини за готови производи –Козметика, локалитет Ѓорче Петров. (вредност 45.000,00 ЕУР) 

Целта на проектот е изведба на фасадни Екопанели тип WLC, со дебелина 100мм, со коефициентот на топлопропустливост кој изнесува 0,21K( W/m2K) на површина од 1831,46м². 

3. Проект- Инсталирање на топлинска пумпа со пропратна инсталација за греење и ладење во објект за Производство на козметика  ( вредност: 300.000,00 ЕУР) 

Инсталирањето на топлинската пумпа со греен фактор кој претставува однос на топлината што ја дава топлинската пумпа за греење/ладење и потрошената електрична енергија за оваа топлинска пумпа изнесува COP=4,68. Кондензаторскиот уред кој е паралено врзан на моторот му овозможува константа COSφ =0,95 и редукција на влезното напојување до 10%, што претставува дополнителна заштеда на електрична енергија. 

4. Проект-Замена на постоечки светилки со енергетски ефикасни  светилки (вредност: 95.000 ЕУР )

Со замената на постојните светилки со енергетски ефикасни светилки се постигна заштеда на електрична енергија, на  следните објекти: 

  • Објект - Фабрика Козметика, дел Магацин за суровини и амбалажа Козметика, локалитет Ѓорче Петров, 

  • Објект- Фабрика Козметика, Магацин за готов производ Козметика и Фармација, локалитет Ѓорче Петров,  

  • Објект- Магацин за готови производи, локалитет Автокоманда и 

  • Партерно осветлување, локалитет Автокоманда. 

Во објектите се инсталираат светилки со моќност од 4 x 50W или светилки со моќност од 2 x 80W, и двата типа на светилки се високоефикасни од класа-А, со флуоросцентни Т5 сијалици и заштита IP 65. 

5. Проект - Надворешна реконструкција на објект А1- Производство Фармација, производство на полуцврсти, течни и ампулни медицински форми, локалитет Автокоманда (вредност 200,000) ЕУР 

Целта на овој проект е обнова, санација и реконструкција на кровните и фасадните површини. Со реконструкцијата на објектот значително се подобри заштитата од атмосферски и топлотни  влијанија и се постигна енергетска заштеда.  

Со инвестицискиот проект беа изведени следните работи: 

• Реконструкција на кров со изведба на кос вентилиран кров, 

• Реконструкција на фасада со поставување на нова со термоизолација со д=10цм , 

• Замена на прозори со поставување на нови aлуминиумски прозори со термопан   стакла тип 4x12x4 мм, нискоемисиони четири сезонски. 

 

6. Проект - Реконструкција со пренамена на постоечки објект во „Контрола на квалитет Фармација“, на локалитет Автокоманда (вредност 500,000 ЕУР) 

Со реконструкција на објектот значително се подобри заштитата од атмосферски и топлотни  влијанија и се постигна енергетска заштеда. 

За реконструкција и пренамена на постоечкиот објект  се реализираа следните работи: 

  • Замена на прозори со поставување на нови aлуминиумски прозори со термопан   стакла, тип 4x12x4 мм, нискоемисиони четири сезонски ,  

  • Реконструкција на фасада со поставување на нова со термоизолација со д=10цм ,  

  • Реконструкција на кров со изведба на кров со алуминиумски панели,  

  • Замена на теретен лифт со нов лифт со носивост од 800kg, 

  • Замена на термотехничка опрема и инсталации  

-  Замена на котел за мазутно гориво и парна инсталација со топловоден котел на гас и инсталација, за добивање на топла вода , 

- Замена на постоечки систем за климатизација (клима комори и калориферски единици) со централна разладна машина и електрична инсталација,  

  • Инсталирање на 20 сончеви колектори,  

  • Замена на постоечки светилки со енергетски ефикасни светилки и пропратна              опрема во објект Контрола на квалитет и Магацин за суровина и амбалажа. 

 

7. Проект- Замена на прозори во постоечки објект „Управна зграда“, локалитет Автокоманда (вредност 160.000 ЕУР) 

Со замената на сите прозорци и обработка на ѕидови околу отвори на прозорци на објектот значително се подобри заштитата од атмосферски и топлотни  влијанија и се постигна енергетска заштеда. За реконструкција на постоечкиот објект се изврши: 

  • Замена на прозори со поставување на нови aлуминиумски прозори со термопан   стакла, термопан стакло 4x12x4 мм, нискоемисиони четири сезонски, 

  • Обработка на ѕидови околу отвори на прозори, затворање на отвори  за ролетни, поставување на изолација на надворешни ѕидови, менување на алуминиумска таваница. 

 

8. Проект- Реконструкција на термотехничка инсталација во Фабриката на лекови, објект C, примарно пакување, во Алкалоид доо Белград ( вредност 136.000 ЕУР)  

Со овој проект се изврши замена на постоечки клима сиситем К1, со цел за контрола и регулација на на влагата во просториите за примарно пакување на лекови. 

 

 

 

Листа на проекти за Eнергетска ефикасност

Заштеди - Придобивки
Број на проектПочетен датум / годинаМерка за ефикасностЦена (ЕУР)Вид на енергенсЗаштеда во ценаЗаштеда во енергија (MWh/year)Заштеда во вода (m³/y) Опис и други придобивкиДатум на реализација
162018Вентил јакни - за котлара во локалитет Автокоманда2458 ПГ154612458 евра со 0,3 години Поврат на Инвестицијата 0,75% од подобрувањето на Енергетската Ефикасност 250 MWh/годишно термички заштедени 461 MWh/годишно ПГ заштедени = 15.000 евра/годишно10/1/2018
172018Изолација и нови прозорци на зграда за безбедност и гаснење пожар во локалитет Автокоманда35000ПГ8.46 260Термичко намалување од 130 MWh - од 200 на 70 (MWh/годишно) = Намалување на природен гас од 260 MWh/годишно + 305m2 нов административен простор3/1/2019
182018Изолација и нови прозорци на управна зграда во локалитет Ѓорче Петров35000ПГ15.873429Термичко намалување од 143 MWh - од 218 на 75 (MWh/годишно) = Намалување на топлинско масло од 429 MWh/годишно + 323m2 нов административен простор, понизок регулаторен ризик и ризик од опасност поради дополнителни скали за пожар4/15/2019
192018Греење базирано на клима уред во управна зграда во локалитет Ѓорче Петров (наместо греење на пареа) - 40 климатизери14000ПГ6.836206Префрлување од топлинско масло на електрична енергија = 3*75 до 75 MWh/годишно намалување + Климатизација - Намалување на топлинска пумпа за климатизација = SCOP = 4, што значи намалување од 75 на 18.754/15/2019
202018Греење базирано на клима уред во управна зграда во локалитет Ѓорче Петров (наместо греење на пареа) - 40 климатизери-58000Е2093Стапка на сезонска енергетска ефикасност (SEER) од 6,1 наместо 3,69 и 14000 наместо 62000 евра за 6,77 - 4,09 = 2,68 MWh помалку електрична енергија4/15/2019
212019Промена на напојниот цевковод за парна козметика од D = 250 на постоечки D = 100mm25725ПГ15230Загубата на цевководот се намали за 75% поради значително помалиот дијаметар на други постоечки цевководи на кои им беа потребни само мали прилагодувања и промена на веќе старите вентили и цевки10/1/2019
222019Нов гасовод за природен гас, нов парен котел, префрлување од тешко гориво на енергија за греење на природен гас во локалитет Ѓорче Петров1000000ПГ1691.065Еколошки придобивки4/1/2020
402019Resalta - нов резервоар за кондензат од нерѓосувачки челик за котлара во локалитет Автокоманда (како дел од инвестициската мерка за реконструкција) 30000ПГ6.6382042% од 10217 MWh/годишно = 204 (истекување поради стариот резервоар од јаглероден челик)7/1/2019
412019Нови вентили за котлара во локалитет Автокоманда100000ПГ9.9573063% од 10217 MWh/годишно = 306 (истекување поради стариот резервоар од јаглероден челик)7/1/2019
422019Проширување на централните гардероби во локалитет Автокоманда - Енергетски ефикасно осветлување50000Е42.7571.31410 x 15W x 365 x 24 / 10007/1/2019
43 2019Изолација на магацин за готови производи во локалитет Автокоманда81400ПГ2.4845Инсолација на фасада од 2000м2 за 2000м2 * (6,1MWh/годишно до 0,98) = 10000, помал ризик за производ8/1/2019
442019Изолација на магацин за готови производи во локалитет Автокоманда0Е1.34272000m2 * (.824-.131) = 1386 MWht/годишно8/1/2019
452019 Енергетски ефикасни светилки - Реконструкција на магацин за производи од портфолио Хемија во локалитет Ѓорче Петров25000Е55110101/1/2020
462019Енергетски ефикасни светилки - двор во локалитет Ѓорче Петров30000 Е1.48930201/1/2020
482019Фасадна изолација на Магацин за суровини - Hangar - локалитет Билка 200000Н,Е,Р 29000479Заштита-заштеда на суровини-репроматеријали1/1/2020
49 2021Реконструкција на електрична инсталација во објект Б5000 Е496102% од 485MWh/годишно понизок ризик од пожар и ризик од други опасности1/1/2020
492021Реконструкција на електрична инсталација во објект Б5000Е496102% од 485MWh/годишно понизок ризик од пожар и ризик од други опасности1/1/2020
542019Затворање на повратниот бајпас вентил на секундарното коло за вода на пумпата за греење10В30100Намалување на скапите загуби на вода на дистрибутивните водоводни мрежи преку откривање на протекување и стратегии и методологии за управување со вода без приходи10/2019
62 3/12/2020Регулатор на притисок (DR) - Компресор за клипови за парниот котел Viessmann108Е570.908Поврат на Инвестиција (ROI) 0.1 годишно; Едноставен ПП: 1.9 годишно4/12/2020
842020Вентил јакни - за котлара во локалитет Автокоманда1200ПГ1200377/1/2020
852020 Враќање на кондензатот од растенијата за антибиотици15764 ПГ,В, НХ250061460MWh/годишно = 730tH2O = 720 x 0.3ЕУР = 216ЕУР + 730 * 300/3600MWh = 61MWh/годишно = 2000ЕУР +730 * NaCl = 216ЕУР
862020Топла вода наместо греење на пареа во пакување во локалитет Хемија52009 ПГ,В, НХ
892020Санација на водоводна и ПП мрежа заедно со санација на вентил во тоалети во локалитет Билка и поправка на казанчиња2207В, Е21.105 16024Зголемена безбедност - помал ризик од ПП - Противпожарна инсталација што значи помал ризик за производите и просториите, помал ризик од оштетување на инсталацијата.2/15/2021
90 9/1/2020Уреди за заштеда на вода - 7 аератори за чешми и 7 регулатори за казанчиња во локалитет Билка80000E,ПГ,В, НХ
9112/1/2020Санација на водоводна мрежа заедно со санација на вентили во тоалети во локалитет Автокоманда и поправка на казанчиња4557В, Е4,06116024Зголемена безбедност - помал ризик од ПП - Противпожарна инсталација што значи помал ризик за производите и просториите, помал ризик од оштетување на инсталацијата.3/1/2021
9212/1/2020Уреди за заштеда на вода - 7 аератори за чешми и 7 регулатори за казанчиња во локалитет Билка147В, Е590453.832/24/2021
9312/1/2020Санација на водоводна мрежа заедно со санација на вентили во тоалети во локалитет Автокоманда и поправка на казанчиња4557B, E14,01418,218.20Зголемена безбедност - помал ризик од ПП - Противпожарна инсталација што значи помал ризик за производите и просториите, помал ризик од оштетување на инсталацијата.3/1/2021
9420214 нови единици за отпрашување за Производство на таблети76000E8000 98 Намалување на прекините во производството поради неисправност на старите единици, Пониско ниво на бучава2021
959.2021Дополнителна инвестиција во поеколошки разладен уред со повисока енергетска ефикасност за Институтот за истражување и развој за хемиски производи (производство за хемодијализа)8000E100026Намалување од 6,4 тони на емисијата на CO22022
962021Автоматизација на празнењето на противпожарните резервоари12000B25000 50000Подобар преглед на ПП резервоарот - подобра ПП безбедност. Подобар преглед на температурата на водата за ладење во производство - поголемо производство2021
972021Вентил јакни2000НГ200067Намалување на опасноста од жешки површини и од емисии на CO22021
984/19/2021Уреди за заштеда на вода аератори за чешми и регулатори за казанчиња за Автокоманда 1413B, E5,4657,346.63Дополнителна хигиена - GMP, помал ризик од неоткриени истекувања, помал ризик за производството или производите2021
994/23/2021Институт за Развој - Клима комора со адсорберско тркало со бајпас во однос на без бајпас за сув воздухНГ, Е, В26,0008672021
1025/11/2021Употреба на климатизери за греење наместо греење со парни радијатори1000Нафта, В, НХ 26138457.52021
10410/1/2021Употреба на тефлонски (PTFE) и напредни тефлонски eFRM G, F, Hepa и Ulpa филтри во единици за обработка на воздух (AHU)0E 48000600 енергетски ефикасни филтри со 20% поголема ЕЕ = 4% од вкупната електрична енергија = 600MWh =48.000 EUR/год + 600t CO2/год намалување = потенцијално 30.000 EUR2022
105 12.202112 од 15 фотоволтаични електроцентрали со вкупно 1,3MWp715000 E 3000001500Понизок отпечаток на CO2 што е исто така и маркетинг или продажен адут2022
1062022Разладен уред за Козметика во процесот на подготовка10000B 6950 5000Зголемување на производството поради посоодветна температура за ладење во текот на целата година и постигнување температури кои не можело да се постигнат со ладење со вода од бунар2022
ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА

ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА

    Листа на проекти за Eнергетска ефикасност - Alkaloid