5 јан. 2011 г.
Ново друштво во Словенија
Ново друштво во Словенија
Алкалоид АД Скопје на ден 28.12.2010 година регистрираше ново друштво во Република Словенија со назив Алкалоид - Фарм д.о.о. Љубљана. Друштвото Алкалоид Фарм д.о.о. Љубљана е во 100% сопственост на Алкалоид АД - Скопје.
Главна дејност на ова ново друштво се локалните деловни операции на словенечкиот пазар.
Досегашното регистрирано друштво во Љубљана се ребрендира во Алкалоид - ИНТ д.о.о. со главен фокус кон дистрибуцијата на алкалоидовите производи на ЕУ пазарите. Со ова Алкалоид АД - Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на Компанијата како главна стратешка определба.