Alkaloid AD Skopje logo

Потпишан меморандум за соработка за програмата за практикантство за студенти по фармација и хемија во Алкалоид АД Скопје

Во насока на исполнувањето на заложбите за корпоративна општествена одговорност, кои се на врвот на приоритетите во оперативната агенда на компанијата, „Алкалоид АД Скопје“ потпиша „Меморандум за соработка“ за програмата за практикантство со „Фармацевтскиот Факултет“ и „Институтот за хемија“ на „Природно-математичкиот факултет“, обата при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.