31 окт. 2011 г.
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - септември 2011
Позитивни финансиски резултати во периодот јануари - септември 2011
Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Септември 2011 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.
Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат пораст за околу 15% во споредба со остварените во истиот период во 2010 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 5% и нето добивката од околу 3%.
Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат пораст за околу 12% во споредба со остварените во истиот период во 2010 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 7% и нето добивката од околу 9%.