Гел за дезинфекција на рачиња

Гелот Becutan за дезинфекција на рацете претставува хидроалкохолен раствор со докажано дејство против SARS-CoV-2, што е потврдено преку повеќе научни студии и докази за ефикасност. Содржи активна компонента етанол 70 % (v/v) и, покрај моќното вируцидно дејство, ефикасно уништува 99,9 % од бактериите што се среќаваат на кожата.


Бактерицидното и фунгицидното дејство на гелот Becutan е потврдено во надворешна акредитирана лабораторија во ЕУ, во согласност со барањата на Европската регулатива за биоцидни производи.


Гелот Becutan за дезинфекција на рацете, покрај докажаното дејство врз SARS-CoV-2, има голема ефикасност и против бактериите, кои се причинители на респираторни и на гастроинтестинални инфекции.


Збогатен е со состојки кои ја задржуваат природната хидратација на кожата на детските рачиња. При нанесувањето на кожата, производот бргу се суши и не остава леплива трага, па затоа е навистина практичен за употреба кај најмалечките.


За хигиенска дезинфекција на рачињата (со триење): се нанесува мало количество (3 ml) гел на рацете (дланки, наддланки, прсти и зглобови) и се тријат во времетраење од најмалку 30 секунди. Се препорaчува за секојдневна употреба, а особено е практичен при патување, во училиште, во парк, на детско игралиште и секаде онаму каде што на вашето најмило ќе му биде потребна брза и ефикасна дезинфекција на рацете.

Гел за дезинфекција на рачиња