19 мај 2022 г.

Светски ден на хипертензија


  1. Одржувајте ја Вашата телесна тежина во препорачани рамки (индекс на телесна маса < 25kg/m2). Оваа мерка помага за подобро регулирање на крвниот притисок.
  2. Редовно вежбајте. Целта е примена на просечна физичка активност од 30 минути дневно, секој ден. За да постигнете ефективна физичка активност, Вашиот пулс треба да се забрза или да постигнете 75 % - 85 % од предвидената срцева фреквенција за Вашите возраст и пол за време на физичката активност.
  3. Внесувајте големо количество свежо овошје и свеж зеленчук секој ден.
  4. Внесете цвекло во Вашата исхрана. Постојаната примена на сок од цвекло доведува до подобро регулирање на крвниот притисок.
  5. Намалете внесување сол - помалку од 5 g на ден. Избегнувајте преработена храна богата со сол.
  6. Намалете внесување маснотии и јаглехидрати. Секогаш проверувајте го составот на јаглехидратите во продуктите ( сахароза, декстроза, фруктоза и гликоза во овошните сокови), како и содржината на маснотии.
  7. Престанете да пушите! Вашите артерии се оштетуваат многу побрзо под влијание на пушењето и го зголемувате и ризикот од појава на други кардиоваскуларни заболувања . Вашиот крвен притисок се зголемува додека пушите.
  8. Намалете го внесувањето кофеин. Запомнете дека кофеинот го има во многу газирани напитоци, во кафето и во чајот.
  9. Умерено внесувајте алкохол. Придржувајте се до дневните препорачани дози - помалку од два пијалаци на ден за мажи или еден пијалак за жени ( под еден пијалак се подразбира мала чаша пиво или една чаша вино).
  10. Релаксирајте се. Стресот значително доведува до зголемување на крвниот притисок. Избегнујвате стрес и одвојувајте време за одмор и за релаксација.