19 мај 2022 г.
Светскиот ден на срцето со моќни пораки за подобро здравје
,,СЛУШНИ ГО СРЦЕТО И ПОВРЗИ СЕ!’’
„Користи го срцето, да изградиш заедница од срце“ – ова е само една од силните пораки упатени преку кампањата, кои Светската Срцева федерација ги испрати во екот на Ковид-пандемијата, во време на физичка изолација и на психолошка обременетост. Кардиоваскуларните заболувања се една од водечките причини за високата стапка на смртност во светски рамки. Според статистиката на Светската здравствена организација, секоја година светот бележи бројка од над 18,6 милиони смртни случаи по овој основ.
Најчести ризик-фактори за појава на кардиоваскуларните заболувања се: несоодветна исхрана, пушење, недоволна физичка активност, зголемен крвен притисок и други. Пораките испратени по повод Светскиот ден на срцето, алудираат на поголема свесност за грижа за здравјето на срцето и поттикнуваат на менување на старите навики, со практикување нови, здрави животни рутини.