Скокни до содржината
Alkaloid AD Skopje logo

Започна исплата на дивиденда

Алкалоид АД Скопје на 14.05.2014 година започна со исплата на дивиденда на акционерите во компанијата за 2013 година. Согласно одлуката донесена на Собранието на акционери, акционерите на Алкалоид добиваат бруто дивиденда за 2013 година во износ 200,00 денари за акција.

Дивидендата која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2013 година е за 9,09% поголема од дивидендата која им беше исплатена за 2012 година.