Средство за дезинфекција на површини Gloss
Средството за дезинфекција Gloss претставува раствор што се применува за чистење и за дезинфекција на површините, како што се стакло, дрво, кожа, пластика, обоени предмети, порцелан, текстил, емајл, предмети од хром и од никел итн.
Дезинфекцијата се врши со помош на распрскување на растворот на површината, притоа оставајќи го да отстои една минута. По извршеното чистење и дезинфекција потребно е миење или испирање со вода.
Средството за дезинфекција Gloss дејствува против бактериските соеви Staphylococcus aureus, Enterococcus faecalis, Pseudomonas aeruginosa и Escherichia coli; против фунгите (Candida albicans и Aspergillus niger), како и против одредени групи дерматофити и одредени типови вируси, а ги отстранува и наслагите од органско и од неорганско потекло, го неутрализира статичкиот електрицитет и го отстранува непријатниот мирис.
Средство за дезинфекција на површини Gloss