Gloss политура за мебел

Доколку сакате Вашиот мебел постојано да биде чист, негуван и заштитен од секојдневните активности во Вашиот дом, редовно користете го новиот производ "Gloss политура за мебел" и обезбедете му долготрајност и сочуваност на истиот.

Политурата за мебел Gloss ги чисти и ги негува дрвените површини, оставајќи ги сјајни и со пријатен мирис. Содржи масло од авокадо, кое дополнително го негува, храни и исполнува дрвото, а го заштитува од гребнатинки и од триење. Не содржи ниту восоци ниту силиконски масла. Не остава траги по бришењето и не ја задржува водата, а го забавува процесот на таложење прав. Производот е наменет за брзо и лесно чистење со едноставна апликација, која овозможува чистење и на најтешко достапните места. Пред употреба само протресете, рамномерно распрснете на површината и избришете со мека крпа.

450 ml

Gloss политура за мебел

Слични производи