Хелабсин микс

ЧАЈ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА НА ЦРНИОТ ДРОБ

Состав: лист од нане, цвет од камилица, корен од глуварче, ајдучка трева, цвет од смил, кора од крушина и пелин.

Приготвување и начин на употреба: една супена лажица од чајната мешавина се прелива со 250 ml вода и се остава да отстои 30 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Се пие свежо приготвен, трипати на ден, 30 минути пред јадење, незасладен.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

100 gr

Хелабсин микс