Новото пенливо средство за капење Becutan со екстракт од овес претставува исклучително блага формулација, наменета за секојдневна хигиена и за нега на кожата уште од првиот ден на раѓање.
Поради клучната заштитна улога што ја има кожата врз целиот организам, новото пенливо средство Becutan во својот состав ја вклучува и природната состојка на заштитната обвивка со која новороденчињата доаѓаат на свет – глицерил олеат.
Екосертифицираниот екстракт од овес има изразено антивоспалително дејство, а Де-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и влијае врз подобрувањето на нејзината заштитна функција, правејќи ја мека и еластична.
Зошто екстракт од овес?
Екстрактот од овес претставува богат извор на природни компоненти, кои се вбројуваат во групите соединенија карактеристични по тоа што го елиминираат дејството на слободните радикали, како и по своето изразено антивоспалително дејство, со што придонесуваат за заштита на кожата од појава на иритации.
Се препорачува и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа подложна на иритации.
Не содржи:
сапун,
алкохол,
бои,
парабен.
200ML