Капењето е еден од секојдневните ритуали во кој уживаат бебињата, но и родителите. Негата на бебeшката кожа, која има карактеристики на исклучително сува, чувствителна и подложна на иритации, е особено специфична и бара примена на исклучително благи средства со pH 4-6, лосиони со додатоци за навлажнување, како и маслени средства за капење.
Следејќи ги потребите на најчувствителната кожа, развиена е нова формулација на производ во колекцијата Becutan – маслено средство за капење – првенствено создадено за нега на сува и на исклучително чувствителна бебешка кожа. Овој производ нежно ја чисти и ја навлажнува кожата, ја омекнува и ја штити од иритации.
КАКО ДЕЈСТВУВА?
Формулацијата на масленото средство за капење Becutan е изработена врз база на природни растителни масла: масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло. Екстрактите од овие масла се богати со масни киселини – омега 3 и омега 6 – кои ѝ припаѓаат на групата мембраноформирачки фосфолипиди, што подразбира дека помагаат во одржувањето на природната липидна рамнотежа на кожата и придонесуваат за јакнење на нејзината заштитна функција. Природните растителни масла лесно се апсорбираат во кожата, влијаат врз подобрување на нејзината еластичност и ја омекнуваат. Покрај масните киселини, содржи и витамин Е, кој дејствува антиоксидативно, антиинфламаторно и регенеративно; витамин А, кој ја одржува природната влажност на кожата и витамин Ц, кој ја подобрува микроциркулацијата, а со тоа и размената на хранливите материи во клетките на кожата, при што придонесува таа да остане мазна, нежна и еластична.
КАКО СЕ УПОТРЕБУВА?
Во водата за капење ( 5-10 l) се става 5-10 ml од масленото средство за капење Becutan и таа се разматува, при што настанува млечнобела емулзија во која се капе бебeто. Не е потребно плакнење, доволно е бебето да се завитка во мека крпа и со благо тапкање да се впие вишокот пена. Растителните масла ќе се апсорбираат во кожата и ќе придонесат таа да остане нежна, мека и еластична, без знаци на сувост. Капењето е лесно и едноставно, а една од состојките има и благо омекнувачко својство, при што потпомага во расчешлување на косата. Овој производ, освен за бебиња и за деца, го препорачуваме и за возрасни кои имаат сува и чувствителна кожа.
150ML